Фудбал
23. February 2017 - 9:44

Раниери: Севиља е квалитетен ти, но ние нема да се предадеме

Екипата на Лестер го загуби првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите со Севиља (2:1), но тренерот на англискиот првак Клаудио Раниери верува дека неговиот тим може да се пласира во четврфиналната рунда. 
 
Лестер може да биде среќен што загуби само со 2-1 на гостувањето кај Севиља, резултатот е добар за англискиот тим и дава надеж за пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите.
 
„Севиља е многу квалитетен тим со големо искуство, но ние имаме големо срце. Се боревме и си помагавме еден на друг. Мислам дека го заслуживме голот. Се разбира дека кога играме со карактер, среќата може да биде на наша страна. Треба да продолжиме вака. Ова може да биде пресвртна точка, но сега важно е да имаме уште еден добар меч против Ливерпул“, изјави Раниери по натпреврот. 
 
Лестер кој минатата сезона стана сензационален шампион на Англија, годинава е далеку од формата и играта од лани. Во Премиер лигата Лестер е на 17.место на табелата со само еден бод повеќе од Хал, односно два од Кристал Палас и Сандерленд екипи кои се во зоната за испаѓање. 
 
Во Лигата на шампионите, Лестер одлично ја отвори сезоната со 4 победи и 1 нерешен резултат, по што следуваше убедливиот пораз од Порто со 5:0 во последното коло од групната фаза. 
 
Дали избраниците на Раниери ќе успејат да ја анулираат негативата во дуелот против Севиља ќе се знае на 14 март за кога е закажан реванш натпреварот.