Македонија
13. јуни 2017 - 8:27

Работилници за заштита на личните податоци во медиумите

Работилници на тема „Улогата на медиумите во заштитата на приватноста, нетолеранцијата на говорот на омраза, слободниот пристап до информациите од јавен карактер и приватноста на јавните личности – Практика и студии на случај од ЕУ и Македонија“  како дел од проектот „Заштита на личните податоци и медиумите“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Проектот е финансиран од ИПА ТАИБ 2012 програмата на Европската Унија, со подршка на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Работилниците ќе ги отвори Игор Кузевски, генерален секретар во Дирекцијата за заштита на личните податоци и Наташа Пирц Мусар, експерт на проектот, а свои предавања за темата ќе имаат експерти од областа од ЕУ и Македонија.