Работилница за еднаков пристап до вода и санитација во Македонија
За состојбата со водата и канализацијата во Скопје, Велес и Куманово денеска ќе се дискутира на работилницата „Проценка за еднаков пристап до вода и санитација во Република Македонија“.
На работилницата, што денеска и утре ќе се одржува во Велес предвидено е да учествуваат претставници од повеќе институции, министерствата за здравство, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт и врски, Институтот за јавно здравје, Црвениот крст на Република Македонија, повеќе невладини организации...
Работилницата е во партнерство меѓу Институтот за јавно здравје и Секретаријатот на УНЕЦЕ на Протоколот за вода и здравје. Организацијата на работилницата e од страна на невладината организација „Новинари за човекови права“.
Република Македонија е активно вклучена во повеќе активности во рамки на Економската комисија на ОН за Европа (УНЕЦЕ) и Светската здравствена организација, Регионалната канцеларија за Европа (СЗО/ Европа) - Протоколот за вода и здравје при подготовката за пристапување кон Протоколот.
Протоколот има за цел да се заштити човековото здравје и благосостојба преку подобро управување со водите, вклучувајќи ја заштитата на водните екосистеми, како и од страна на спречување, контрола и намалување на болестите поврзани со водата.
Ново на Сител
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи