Пушков: САД една година глумат дека напаѓаат цели на ИД
Претседателот на рускиот Парламентарен совет за меѓународни односи, Алексеј Пушков оцени дека САД потрошиле една година бомбардирајќи ја пустината во Сирија и Ирак, наместо да напаѓаат цели на џихадиситчката група Исламска држава (ИД).
- (Американскиот сенатор Џон) Меккејн не обвинува дека ги напаѓаме бунтовниците што ги обучувале САД. Но, тоа е невозможна мисија, бидејќи тие или се веќе избегани или и се придружија на Ал Каеда, напиша Пушков на својот налог на Твитер, одговарајќи на нападите на западни официјални претставници и медиуми дека руските сили во Сирија наместо ИД ги напаѓаат бунтовниците што се борат против силите лојални на сирискиот претседател Башар ел Асад.
Претходно, вчера во интервју за француското радио Европа 1, Пушков најави дека воздушните напади на руските авиони во Сирија би можеле да потраат три до четири месеци.
- Коалицијата под водство на САД поторши една година глумејќи дека напаѓа цели на ИД. Какви се резултатите од тие напади?, праша реторички Пушков во интервјуто.
Ново на Сител
-
Бајден ќе им понуди државјанство на илегалните имигранти доколку се во брак со Американци
-
Приведени десет лица по масовна тепачка во Карпош и на Клинички
-
Скопјанец повреден од заталкан куршум додека возел велосипед
-
Приведени шест лица, затекнати како питачат на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје
-
Избувна пожар во фабрика во Скопје
-
Раст на инфлацијата во ЕУ во мај 2024 на месечно ниво
-
Мицкоски во Собранието го достави предлогот за состав на нова влада
-
Општина Карпош: Најстрога санкција за учесниците во нецивилизираната пресметка