Свет
31. October 2017 - 16:34
Пуџдемон: Нема да барам политички азил во Брисел, главен приоритет ни е да го избегнеме насилството
Немам намера да барам политички азил во Белгија. Во Брисел сум на неопредлено време и не бегам од правдата. Ова го истакна сменетиот каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон на прес конференцијата во бриселскиот Прес Клуб Европа, додавјки дека е во Брисел за да бара законски гаранции од ЕУ дека ќе има правично судење во Шпанија. Пучдемон ја напушти Шпанија, вчера откако обвинителството покрена обвиненија со кое се товари за бунт. Инаку денеска шпанскиот уставен суд ја поништи каталонската декларација за незавинсот.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
