Балкан
25. April 2017 - 14:13

ПССЕ изгласа обновување на процесот на мониторинг на Турција

Пратениците од Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) гласаа денеска за обновување на процесот на мониторинг кон Турција, се наведува во соопштението на ПССЕ на Твитер.

- ПССЕ штотуку гласаше за обновување на процедурата за мониторинг на ситуацијата во Турција, која беше прекината во 2014 година, при што 113 пратеници гласаа „за“, а 45 „против“, додека 12 беа воздржани, се додава во соопштението.