-->
-->
Првпат по три години во Мосул пристигна голема хуманитарна пратка
-->
Жителите на западниот дел од ирачкиот град Мосул добија прва поголема испорака на хуманитарна помош откако џихадистичката група Исламска држава го презеде градот под своја контрола во 2014 година, соопшти Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
МКЦК минатата недела почна да дели храна и други неопходни работи за граѓаните и има за цел да опфати повеќе од 64.000 луѓе во западниот дел на Мосул, кој беше ослободен од страна на ирачките сили на 10 јули.
- Голем дел од градот беше уништен за време на судирите. Куќи, патишта, мостови, училишта, болници, трафостаници и водоводни системи се целосно уништени, наведува МКЦК.
Според податоци на ОН околу еден милион цивили го напуштиле Мосул во последните три години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје