Македонија
22. December 2023 - 14:44

Првиот ден на Божик - 25 декември неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Понеделник 25 декември, првиот ден на Божик е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Република Северна Македонија информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на граѓаните од католичка вероисповед им го честитаат празникот Божик.