Свет
17. October 2017 - 14:10

Први американски напади со дронови врз џихадисти во Јемен, десетици загинати

САД извршијаповеќе воздушни удари со дронови врз камп за обука на борци на Исламската  држава во Јемен, и во првиот напад загинаа десетици џихадисти.

Дроновите на американската војска испукаа 12 проектили врз позициите на џихадистите во Јакли и Аблу во јужната провинција Бајда.

Во соопштението на Пентагон се вели дека американските сили убиле десетици членови на ИД во еден напад врз кампот, каде што борците биле обучувани за користење на митралези и лансирање на гранати.