Свет
27. September 2016 - 16:36

Прва претседателска дебата: Хилари го победи Трамп

Хилари Клинтон е победник на првата телевизиска дебата на двајцата најсериозни кандидати за претседател на САД.

Според анкетата на Си Ен Ен, 62 отсто од анкетираните ја посочиле Клинтон за победник, додека 27 проценти сметаат дека Доналд Трамп е подобар. 

Дебатата изобилуваше со навреди и главно беше концентирирана на нивните слабости. Клинтон го обвини Трамп дека политичката кариера ја почнал користејќи „расистичка лага“ дека претседателот Обама не е Американец, по што Трамп ги набројуваше работите за кои таа е виновна.

Двата клучни недостатока на двајцата кандидати, скандалот со мејловите и избегнувањето данок, се корристеа како средства за напад или одбрана.

И последниот сомнеж во здравствената состојба на Клинтон, која колабира за време на една трибина беше неизбежна тема во дебатата.

Инаку по првата од 3-те ТВ дебати помеѓу Клинтон и Трамп до изборите на 8. ноември, на интернет обложувалниците се зголемија шансите Клинтон да ја освои Белата куќа. Засега анкетите покажуваат мртва трка помеѓу двајцата претседателски кандидати.