Ракомет
10. April 2016 - 19:34

Прва победа на Македонија на олимписките квалификации во ракомет

Македонската репрезентација ја оствари првата победа на Олимписките квалификации(во шестиот натпревар) откако попладнево во Гдањск беше совладана селекцијата на Чиле со 30:27 (17:14). Воедно нашите ракометари ја прекинаа серијата од осум натпревари без победа на официјалните натпревари  (шест на ЕП во Полска и два на олимписките квалификации исто во Полска).
Капитенската лента на денешниот натпревар кај Македонија ја има наумче Мојсовски, кому ова му е последен натпревар во репрезентативниот дрес.
На овој натпревар селекторт на Македонија Ивица Обрван (негов последен натпревар) почна со изменет состав, па на стартот во поставата беа Костески, Митков, Миркуловски, Мојсовски, Никола Маркоски и Ојлески, на голот Митрески.
Македонија подобро го почна дуелот и со трите одбрани на стартот од дуелот на Митревски поведовме со 5:2 и тоа беше и највисоката предност, но ниту Чиле не успеа да намали на помалку од два гола.
На почетокот на вториот дел Чиле со серија од три голови изедначи на 17:17, што беше второ по 2:2 на почетокот. По 20:19 за Македонија, нашите ракометари направија серија од 7:1 за прво водство од седум разлика и најава на победата. Во финишот по водството на Македонија од 29:23, а Чиле со серија од четири гола успеа да намали.
Стрелци на головите за Македонија беа: Манасков 4, Стоилов 1, Митков 3, Миркуловски 4, Никола Маркоски 3, Мојсовски 4, Прибак 1, Ојлески 4, Костески 6.  
Митревски дуелот го заврши со 8 одбрани, а Ристовски имаше две (влезе како замена на еден седмерец).
Македонија со една победа и два пораза групата ја заврши на третото место, зад Полска и Тунис кои играат вечера од 20:30 часот, но и двете селекции се пласираа на Игрите во Рио.