Свет
14. May 2017 - 14:07

Прв говор на Макрон како претседател на Франција

Во својот прв говор како претседател на Франција, Емануел Макрон сакаше да им оддаде почит на сите досегашни претседатели на Петтата француска република за нивните ангажирања во полза на Франција, директно запишувајќи се во определбата на неговата политичка идеја ниту левица, ниту десница, туку сите заедно за Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.

"На 7 мај, Французите ја избраа надежта и духот на освојување. Одговорноста која тие ми ја доверија е чест и јас ја сфаќам целата нејзина сериозност. На светот и на Европа, повеќе од кога и да им е потребна Франција. Тие имаат потреба од Франција. 

Макрон вети дека ќе работи на враќање на довербата на Французите.

- Тоа ќе биде бавен процес, но неопходен. Јас сум убеден дека моќта на Франција не е во опаѓање. Јас нема да се откажам од ветувањата кои им ги дадов на Французите. Трудот ќе биде ослобоен, претпријатијата ќе бидат поддржани. Французите ќе бидат подобро заштитени, рече Макрон

- Франција е модел за светот. Целиот свет ќе биде внимателен на гласот на Франција. Ние ќего дадеме примерот на луѓе кои можат да ги потврдат своите принципи - демократијата и републиката "

- Светот чека од нас да бидеме силни, цврсти и остроумни. Ќе ги преземеме сите нашите обврски да дадеме одговори на главните современи кризи. Ние сме сите меѓусебно зависни. Франција се уште се грижи да биде на страната на слободата, човековите права. Ние имаме огромна улога. Ние имаме потреба од  поефикасна, подемократска Европа. Ние треба да го изградиме светот кој младината го заслужува. Ништо нема да не поколеба за да се откажеме да ги браниме интересите на Франција. Заедно можеме да напишеме една од најубавите слики од нашата историја, нагласи претседателот Макрон, додавајќи дека на тоа ќе работи „уште од вечерва“.