Македонија
9. April 2016 - 16:41

Прв Филмски Фестивал во Охрид

Филмската академија од Охрид викендов го организира првиот филмски фестивал „Feelmotion“, во чии рамки ќе бидат организирани и средби на млади режисери, сценаристи, продуценти и студенти.

На програмта на фестивалот ќе бидат прикажани 24 кратки филмови, како и 12 кратки анимирани филмови од млади автори од Академијата во Охрид, како и од регионот и пошироко.

Дел од фестивалот ќе биде и панел-дискусија на независни продуценти на тема „Како да се обезбедат финансии за првиот проект“, како и дискусија посветена на филмското образование во регионот.

На фестивалот ќе биде поставена и изложба на фотографии на автори од Фото-кино клубот од Битола.