-->
-->
Противници на независноста на Каталонија со протести во Барселона
-->
Барселона се подготвува за нови протести против отцепувањето на таа покраина од остатокот на Шпанија во момент кога Каталонската цивилна асоцијација ги повика противниците на независноста да излезат денеска напладне на улици.
Според организаторите, цел на маршот е да се одбрани единството на Шпанија и да се отфрли „нападот без преседан во историјата на демократијата“.
Нивниот слоган е - Ние сме сите Каталонија. Здрав разум за коегзистенција.
Се очекува присуство на членови на централната влада во Мадрид и припадници на партии кои се залагаат за единство на државата. За денеска не се најавени собири на приврзаници на независноста на Каталонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Таравари е против нови избори во Гостивар
-
Владејачките партии се соочуваат со изборниот пораз
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
М-ТЕЛ стана партнер на Д-фестивал
-
КРКА ја презентираше мобилната апликација ФЛЕБИ
-
Вреди убедува 4 пратеници од фронтот на Ахмети за промена на страната
-
Во јавен сектор најмногу се вработувало една година по промена на власта
-
ВО ЖИВО: 4 неуспешни обиди за гласање за нов претседател на Уставниот суд