Македонија
25. April 2016 - 22:19

Протестот на граѓанската иницијатива „Протестирам“ заврши пред Владата

Протестот што вечерва го организираше граѓанската иницијатива „Протестирам“ заврши пред Владата.

Поворката, како и изминатите денови, почна од пред Специјалното јавно обвинителство и низ центарот на градот продолжи кон Собранието на Република Македонија. Од таму демонстрантите продолжија кон Владата, поминувајќи покрај Министерството за надворешни работи, врз кое фрлаа балони со боја. 

Од „Протестирам“ и вечерва ги повторија своите барања, меѓу кои се повлекување на одлуките за аболиција и за одржување на парламентарни избори на 5 јуни,  оставка на претседателот Ѓорге Иванов, присуство на независни претставници на граѓанското општество во решавањето на кризата и формирање преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.