Македонија
27. April 2016 - 23:29

Протести во Скопје против избори на 5 јуни

Денешниот протест организиран од СДСМ, СОРОС и БЕСА помина релативно мирно, за разлика од изминативе денови кога гледавме демолирање на Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов, кршење на стаклата од Министерството за правда, сквернавење на спомениците поставени во центарот на Скопје и фарбање на фасадите од неколку државни институции. Демонстрантите овојпат со балони полни со боја удрија по двете плакети кои ги поставија пред Владата, а беа запалени и неколку фотографии од претседателот Ѓорѓе Иванов и лидерот на ВМРО - ДПМНЕ Никола Груевски.

Протестот и денеска почна од пред зградата на СЈО, а продолжи пред Собрание.И денеска беа повторени барањата за одложување на изборите закажани за 5 јуни, како и укинување на одлуката за аболиција од страна на претседателот Ѓорѓе Иванов и негова оставка. Демонстрантите оттаму се упатија кон Владата, каде и што заврши протестот.