Македонија
20. May 2016 - 22:03

Протести во организација на „Протестирам“ во Скопје

Поддржувачи на Граѓанската иницијатива „Протестирам“ вечерва повторно организираа протести во Скопје.

Вообичаено, демострантите се собраа пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во знак на поддршка за неговата работа. 

Маршот го продолжија до зградата на Министерството за правда каде фрлаа бои. Потоа се упатија пред Порта Македонија, каде демонстрантите ги тргна поставените бели платна и повторно ја обоија. Протестот го завршија пред Собранието на РМ, каде исто така фрлаа со бои.

Граѓанската иницијатива „Протестирам“ денеска јавно преку отворено писмо се обрати до претседателот на државата повторувајќи го барањето за целосно повлекување на аболицијата.