Протест на дел од гимназијалците во Тетово за немањето организиран бесплатен превоз
Дел од учениците од втора година во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ од Тетово што ја следат наставата на албански јазик и што живеат во околните места околу градот со протест пред зградата на општина Тетово го искажаа своето незадоволство од немањето организиран и бесплатен превоз од нивните места до училиштето.
Учениците велат дека самите плаќаат за превоз со такси комбиња, но и оти дел од нивните соученици не можат самите да го платат превозот.
И по три недели од почетокот на учебната година средношколците немаат организиран превоз затоа што општина Тетово го поништила тендерот за превозниците објавен во август годинава. Според информациите од општината тендерот бил поништен затоа што сите превозници имале понудено повисоки цени за превоз од парите што за оваа намена биле одобрени на локалната самоуправа од Министерството за образование и наука. За ваквата одлука превозниците поднеле жалба до државната комисија за јавни набавка и се додека не добијат одговор не може да се преземат никакви мерки околу превозот на учениците посочија од општина Тетово.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар