Балкан
16. March 2017 - 9:15

Протест на анархистите во Атина

Околу 300 анархисти синоќа протестираа во центарот на Атина против отфрлените барања за ослободување на затворениците, осудени за тероризам, Димитрис Куфодинас и Костас Гурнас, јави АНА-МПА.

За време на протестниот марш анархистите стигнале до централните канцеларии на партијата СИРИЗА, каде биле пресретнати од припадниците на полицијата, по што се повлекле.