Македонија
20. November 2015 - 16:52

Проштално писмо оставила мајката која го фрли својот син од четврти кат

Еден час пред трагедијата во Хиподром сопругот пријавил во полиција дека 37 годишната жена била психички растроена и се заканувала дека ќе му наштети на синот и ќе се самоубие. МВР излезе со официјален извештај за семејната драма на улицата Пехчевска. 41 годишниот скопјанец  утрото додека бил на работа побарал полициска асистенција за да ја носи сопругата во соодветна институција, но не успеал. Жената прво го фрлила детето, потоа самата скокнала од 4-от кат. Претходно од терасата фрлила проштално писмо и два мобилни телефони.

- По извршениот  разговор со А.С. е дознаено дека  неговата сопруга имала здравствени проблеми (психички нарушувања) и дека имале семејни недоразбирања, стои во извештајот од МВР.

Четири дена по несреќата 6 годишното дете успешно заздравува на Клиниката за неврохирургија каде во понеделникот му беше направена операција на главата. Од директен пад на тревникот го спаси соседот Златко Ордевски кој го фатил во раце.

- Ние го фативме детето пред да удри на земја, сигурен сум дека не удри на земја, детето дишеше, го земав во раце и го однесеов во Брзата помош, изјави за Сител Златко Ордески.

На КАРИЛ подобрена е здравствената состојба и на мајката.  Била свесна и прашувала за детето, велат за Сител извори од Клинички. Но, полициските  инспектори сеуште чекаат  дозвола од лекарите да разговараат со жената за да добијат одговор зошто го фрлила синот од тераса, а потоа и самата скокнала.