Бизнис
29. September 2015 - 18:12

Проширување на производството и нови вработувања како резултат на владините мерки и програми

Македонска текстилна компанија со користење на мерките и поволностите за вработување, успеал  да отвори  100 нови работни места.

Ова е само еден успешен пример, кој преку владините мерки го прошири  производсто и  вработи нов кадар.

Поради ефикасноста и успешноста на мерките , од денеска сите млади лица со добра бизнис идеја и желба за сопствена фирма,  ќе можат да аплицираат на новиот оглас , за мерката самовработување со кредитирање за невработени лица и кредитирање за отворање нови работни места.  Рокот за враќање на овие евтини кредити  е од 3 до 7 години со камата од само еден процент.

Досега  преку  кредитите  за самовработување, отворени се  над 3.400 бизниси, вработени се 4.000 лица, а преку мерката- финансиска подршка за мали и микро бизниси,  работа добиле близу 1. 000 лица.