Промоција на проектот „Вработување на млади Роми“

Во организација на Центарот за економски анализи - ЦЕА Скопје и Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ денеска во Битола ќе биде промовиран проектот „Вработување на млади Роми“.
Целта на проектот, кој е финансиски поддржан од ЕУ, е унапредување на вештините за вработување на младите невработени Роми, преку стекнување на практично работно искуство во граѓански организации или во бизнис секторот во таргетираните градови.
Проектот има цел да ги вмрежи младите невработени Роми, со фокус на Кочани, Тетово, Битола и Скопје, со компаниите кои работат во таргетираните градови.
На промоцијата на проектот ќе бидат презентирани заклучоците од истражувањата и анализите кои беа спроведени во рамките на проектот, а се однесуваат на пазарот на труд во Кочани, Тетово, Битола и Скопје.
Компаниите ќе имаат можност да ја презентираат својата работа, и да ги истакнат потребите кои ги имаат за следни вработувања, додека пак, невработените ќе имаат можност да ги слушнат искуствата кои компаниите ги стекнале преку отворање можност за практикантска работа, и одблизу да се запознаат со условите за практиканство во компаниите. Исто така ќе биде презентирана и можноста невработените да се вклучат како практиканти во локаните организации, партнери на овој проект.
Ново на Сител
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип
-

Трамп: Лицата кои оддаваат информации за воените операции на американската армија треба да бидат стрелани
-

Кривична пријава против полициски службеник - фалсификувал дарување крв
-

Мадуро денеска ќе се појави пред суд во САД по нови обвиненија за тортура
-

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства
-

Маск сугерира дека американската влада е одговорна за ограничувањето на воената сателитска мрежа во Украина
