Промоција на „Мини прирачник за поезија“ од Елена Пренџова во Куманово
Во кумановската библиотека вечер ќе се одржи поетско дружење со поетесата Елена Пренџова по повод објавувањето на книгата есеи „Мини прирачник за поезија“.
Ова е седма книга на Пренџова и прва книга есеи по претходно објавените збирки поезија. Книгата содржи десет есеи објавени во периодиката, презентирани на поетски средби и фестивали, но и претходно необјавени текстови.
- Ова е моја прва објавена книга која не е збирка поезија. Сепак, врската со поезијата е очигледна, затоа што оваа книга претставува збирка размисли и ставови за поезијата и актуелната поетска сцена. Чувствувам дека една ваква збирка си должев себеси по многуте експериментирања и истражувања во различните поетски стилови, изјави поетесата за „Мини прирачник за поезија“.
За делата на Пренџова ќе зборува поетесата Оливера Доцевска.
Елена Пренџова (1985) е магистер по филолошки науки и дипломиран професор по англиски јазик и книжевност. Уредничка е на книжевното списание „Современост“ и организаторка на слем настани низ Македонија.
Авторка е на шест збирки поезија: „Љубољубна“ (2014) за која ја доби наградата „Караманов 2014“, „Политички коректна поезија“ (2014) за која годинава ја доби наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од авторка-членка на ДПМ, „Живот под ѕвездите“ (2013) за која ја доби наградата „Македонска книжевна авангарда“, а истата книга е преведена и објавена на хрватски јазик, како резултат на наградата Најдобар поет на Првите регионални поетски средби во дистрикт Брчко, „Пораки од морето“ (2011) за која е добитничка на наградата „Бели мугри“; „Таа“ (2009) и „Јас“ (2006).
Ново на Сител
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски