Проект за подобрување на „меките“ вештини кај младите во општина Гази Баба
Развивање и подобрување на „меки“ вештини кај младите и невработени лица од општина Гази Баба со цел нивен поуспешен влез на пазарот на трудот или во високото академско образование има за цел проектот „Инвестираме во вештините на нашите млади граѓани, инвестираме во нашата општина“.
Обуките се спроведуваат во средните училишта „Михајло Пупин“, „Боро Петрушевски“, „Панче Арсовски“ и „8 Септември“.
Преку обуките, како што информираат организаторите, ќе се зголеми самодовербата на учениците ќе ја подобрат сопствената презентацијата и успешно ќе ги презентираат своите квалитети пред идните потенцијални работодавaчи или академската заедница.
Проектот „Инвестираме во вештините на нашите млади граѓани, инвестираме во нашата општина“ е финансиски поддржан од општина Гази Баба, а го имплементира здружението на граѓани „Концепт плус“.
Ново на Сител
-
Екстрадиран Љупчо Палевски Палчо, пренесен во Истражниот затвор во Шутка
-
Претставници на Западен Балкан, ЕУ и САД во Котор ќе разговараат за планот за раст на регионот
-
Премиерот Фицо е во свесна состојба
-
Заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на генералштабови
-
Втор ден Самит „Македонија 2025“ со панели за справување со корупцијата, странски инвестиции, дигитализација
-
Во Србија уапсен човек поради закани кон претседателот на државата
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд и ретки грмежи