Македонија
23. August 2016 - 16:20

Продолжува собирањето помош, до сега собрани 740 илјади евра на сметка на Црвениот крст

Солидарната сметка и телефонските линии за донации на Црвен Крст ќе бидат отворени до следната недела. Рокот е продолжен  поради големиот интерес од граѓаните и компаниите да помогнат на поплавените семејства. ДО сега се собрани 740 000 евра кои ќе ги распределат линеарно на секое од поплавените семејства. Дополнителна помош оштетените во поплавата од 6ти август ќе добијат и од ССМ.

До 29ти и ССМ продолжува со собирање средства и  ангажирање волонтери на терен. Од сојузот контактираат за помош и со синдикатите од други земји.  

Од утре помошта во материјални добра за настраданите во невремето ќе може да се предаде во магацинте на Црвен крст во Момин поток во Скопје од 08.00 до 18.00 часот.Телефонскиот број за донирање по 100 денари е 143 400 за сите мобилни оператори.