Продолжува блокадата на граничните премини кон Грција
Граничните премини кон Грција „Ники“ („Меџитлија“) и „Дојрани“ („Стар Дојран“) и денеска ќе бидат затворени за патнички и товарни моторни возила поради штрајк на грчките цариници.
На ГП „Евзони“ („Богородица“), пак, сообраќајот при влез и излез од Грција се одвива со прекини, односно на секои два часа прекин се пропуштаат возила во времетраење од 15-тина минути.
Македонското МВР добило извесување од грчките погранични служби дека преминувањето на границата пеш ќе биде дозволено за сите патници.
Прекинот, кој почна од вчера, е поради штрајк на Федерацијата на цариници на Грција.
Прекинот е поради штрајк на Федерацијата на цариници на Грција. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Ново на Сител
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип
-
Запленети над 400 метри рибарски мрежи за крап на Дебарско Езеро
-
Мотоциклист заврши во болница по судир со автомобил
-
Маж каснат од куче скитник во Скопје
-
Стоилковски: Преговарачкиот процес со коалициските партнери е во напредна фаза и се базира на принципи