Македонија
6. јуни 2016 - 20:23

Продолжи судењето за „Диво насеље“

Судскиот процес за Диво насеље стартуваше од почеток во големата сала на Врховен. На обвинителна клупа седнаа 37 лица, откако Кривичен одлучи кон процесот за 29 лица обвинети за тероризам да ги приклучи и 8-мината кои се товарат за пружање логистичка поддршка на оваа терористичка група. Сите 37 обвинети пред Судскиот совет рекоа дека не се чуваствуваат виновни за делата кои им се ставаат на товар. Тврдеа дека не биле дел од терористичка организација и дека не се познаваат со лицата кои се обвинети за помагање, туку дека во куќите во Диво насеље влегле насилно. Спојувањето на двата предмети е спорно и за адвокатите, кои сметаат дека за тоа не постојат никакви докази.

Обвинителство, пак тврди дека поседува доволно докази дека двете групи добро се познаваат и дека биле во честа комуникација. Со доказите приавени со посебни истражни мерки, обвинителство смета дека во текот на постапката ќе ја докаже улогата на секој обвинет поединечно и вмешаноста во нападите на полициската станица Гошинце и оние во кумановската Дива населба. Во крвавиот инцидент од 9 и 10 мај минатата година, животот го загубија 8 припадници на македонските вооружени сили, повеќе од 40 беа тешко повредени, а загинаа и 10 члена на вооружената група. На денешното рочиште се читаа исказите и на сведоците кои досега беа сослушани, а судскиот процес продолжува на 14 јуни.