Македонија
23. September 2016 - 19:13

Продолжи собраниската расправа по извештајот на СЈО

Катица Јанева си игра мајтап со институцијата која го создала СЈО сметаат пратениците од владејачкото мнозинство. Трет ден  се води жестока дебата меѓу пратениците. Специјалната јавна обвинителка повторно со кратки и не конкретни одговори.

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Крсто Муковски побара од Јанева да си даде оставка бидејќи се ставила над државата, ги навредила и го прекршила законот  зборувајќи јавно за истрагите кои ги води. Тој ја обвини дека ја девалвирала цела јавност, граѓаните и парламентот.

За што се потрошени 4 милиони евра, колку плата земаат, каде се одговорите за тоа кој прислушувал и зошто до сега нема никакви резултати  после година и месец работење на СЈО праша Муковски.

Јанева и денеска со ист став, нема да дадам одговори на прашањата за финансиското трошење во СЈО. Обвини дека пратениците намерно ја напаѓаат и трошат три дена од времето за кое таа планирала да работи. Зошто не дала одговор за ПУЧ го посочи Кривичниот Суд.

Муковски по излагњето на Јанева се извини на цела јавност што гласал за формирање на СЈО а нејзиното однесување го нарече врв на ароганција. Опозицијата повторно се пушти во одбрана на специјалната обвинителка. Бараат јавно да бидат соопштени имињата на сите пратеници кои се под истрага во СЈО и доколку направиле криминал да одговараат.

Јанева истакна  дека немале доволно време да приберат докази бидејќи делата според неа се вршени во временски период од 5 години и не може да отпочне постапка на што координаторот на ВМРО ДПМНЕ возврати на колегите од опозицијата ,конечно ви се руши стратегијата СЈО да ве донесе на власт, Јанева призна дека  пола од предметите се без основен документ  за гонење.

Комисијата ќе продолжи со работа и во наредните дца дена бидејќи треба да се разгледува и изештајот на држќвниот јавен обвинител а во понеделник да преминат на гласање на пленарна седница. Пратениците повторно се расправаа околу работното време,  Јанева рече дека не може да присуствува по 18 часот ниту пак за викендов бидејќи имала приватни обврски.