-->
-->
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-->
На 05.05.2024 околу 21.30 часот на регионалниот пат Дебар - Струга, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Џепиште во координација со Одделението за прекуграничен криминал при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Дебар ги лишиле од слобода Б.С.(34) и Д.Н.(36), двајцата од Прилеп. При преглед во возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки на рент а кар компанија, кое го управувал Б.С., а сопатник бил Д.Н., биле пронајдени и одземени една торба со над три килограми марихуана и автоматска пушка со празна рамка.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ПМФЛ: Вардар го зачува прволигашкиот статус
-
Еден загинат, а двајца ранети во пукањето на „Пластичарска“
-
Повеќе од една недела не работат хируршките сали на Клинички, Демири ќе одржи прес-конференција
-
ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт
-
Пукање на Пластичарска, најмалку тројца ранети
-
Силен земјотрес регистриран на Тонга
-
100 санкционирани возачи во Скопје
-
Најмалку тројца загинати во поплавите во Ерменија и Грузија