Фудбал
13. February 2016 - 23:10

Примера: Черишев донесе победа за Валенсија

Со голот на Черишев во 76 .минута екипата на Валенсија конечно успеа да стигне до победа под воство на тренерот Гери Невил. Черишев и донесе победа на Валенсија од 2:1 во дуелот со Еспањол откако гостите поведоа со голот во 52.минута. Валенсија изедначи преку Негредо во 71.минута. За Валенсија ова беше шеста победа во шампионатот.

Претходно во рамките на 24.коло Реал Мадрид го победи Атлетик Билбао со 4:2.
Барселона е лидер на табелата со 54 бодови, а Реал Мадрид има 53. Валенсија се наоѓа на 12.место со 28 бодови.