Свет
17. December 2017 - 10:43

При напад врз хрситијанска црква во Пакистан загинаа најмалку четири лица

 Четири лица загинаа, а 18 се повредени откако двајца бомбаши нападнаа христијанска црква во пакистанскиот град Кета, соопшти полицијата.

Напаѓачите ја активирале бомбата и почнале да пукаат врз верниците на почетокот од црковната служба. 

Во моментот на нападот во црквата имало стотина верници.    

Се уште никој не презел одговорност за нападот.