Македонија
18. October 2017 - 8:30

Презентација на Платформа за соработка меѓу медиумите и граѓанските организации

 

- Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права денеска ќе ја презентираат Платформата за дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и медиумите.

Ќе бидат презентирани дел од активностите поддржани од проектот „Истражувачко новинарство - чувар на демократијата и човековите права”, кои резултирале со повеќе истражувачки стории поврзани со овие области.

Истовремено, ќе биде презентирана и веб страницата istrazifakti.mk, на која се објавени истражувачките стории направени во текот на проектот, како поддршка на Платформата и нејзините активности