Македонија
12. December 2022 - 16:16

Претставувајќи се дека и е близок роднина успеал да измами 82 годишна жена за да му даде 200.000 денари

На 11.12.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, 54-годишен скопјанец пријавил дека на 09.12.2022 на подрачје на Гази Баба неговата 82-годишна мајка била измамена од едно лице за сума 200.000 денари.

Според пријавеното, лицето лажно и се претставило дека и е близок роднина и ѝ побарало пари. Како што е пријавено, таа му ги дала парите, но набргу потоа сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.