Македонија
10. March 2016 - 12:37

Претставата „Љубовници“ утревечер во Битола

Центарoт за култура во Битола соопшти дека утревечер ќе гостува актерската екипа што ја изведува претставата „Љубовници“ според текст на Катерина Коцевска, која е и режисер на претставата.

Во претставата ќе настапат Билјана Беличанец-Алексиќ, Зоран Љутков, Драган Спасов - Дац и Маја Вељковиќ - Пановска. 

- „Љубовници“ е претстава за љубов - направена со љубов и говори за многу сегашни животни проблеми. Овој театарски проект воедно е составен дел на програмските содржини и понуда на битолскиот Центар за култура, истакнуваат од Секторот за односи со јавност на Центарот за култура во Битола.