Свет
15. October 2017 - 10:58

Претседателски избори во Киргистан

Вкупно 11 кандидати, меѓу кои и неколкумина поранешни премиери, денеска учествуваат во трката за нов претседател на Киргистан, на избори, кои се оценуваат како тест за демократијата во оваа поранешна советска република и треба да го трасираат патот за мирен трансфер на власата.

Актуелниот киргистански преседател Алмазбек Атамбаев, кој на оваа функција е од 2011 година, согласно Уставот на земјата, нема право на уште еден мандат.  Атамбаев важи за „проруски“ ориентиран и во текот на неговиот мандат, Киргистан се приближи кон Русија, но ја зајакна соработката и со Кина. 

Главни фаворити за победа на денешните избори се двајца поранешни премиери, Ремир Сариев од партијата Бел Сокол (Акшумар) и Омурбек Бабанов, кој настапува како независен кандидат.