Свет
21. November 2017 - 19:05

Претседателот на Зимбабве поднесе оставка

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе поднесе оставка, соопшти претседателот на Парламентот Џекоб Муденда.

Парламентарците кои расправаа за неговиот импичмент, почнаа да слават кога спикерот соопшти дека 93-годишниот лидер поднел оставка.

Зимбабве

Муденда ја запре расправата за импичмент, соопштувајќи дека добил писмо од Мугабе, во кое соопштува дека се повлекува од функцијата. Во писмото било наведено дека оставката веднаш стапува во сила.

Мугабе претходно одби да поднесе оставка и покрај минатонеделните настани, кога војската ја презеде власта.

Роберт Мугабе

Тој беше на власт од прогласувањето на независноста на Зимбабве во 1980 година.