-->
-->
Претседателката на Валенсија им се извини на навивачите
-->
Лајхун Чан претседателката на Валенсија им се извини на навивачите на овој шпански фудбалски тим, за лошите резултати кои клубот ги постигна во 2016 година.
Чан која го претставува сингапурскиот сопственик Питер Лима, изјави дека 2016 година е една од најтешките за Валенсија и ги замоли навивачите да му простат на раководството и тимот за лошата сезона.
„Ќе продолжиме напорно да работиме и да бараме вистински решенија. Во овој празничен дел од годината ви праќам порака на надеж, но и за истрајност во настојувањата дека ќе ја зголемиме самодовербата, а со тоа и подобриме резултатите во иднина“, изјави Чен за клупскиот сај пред, стоејќи пред Божиќната елка.
Со само три победи на досегашните петнаесет одиграни натпревари и вкупно 12 бодови, Валенсија е на 17.место на табелата во Примера, односно во опасната зона на испаѓање од елитната лига.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа