Loading Video...
Свет
26. July 2017 - 19:29

Претсавничкиот дом на конгресот даде зелено светло за нови санцкии против Русија

Претставничкиот дом на американскиот конгрес речиси едногласно гласаше за нови санкции врз Русија, Иран и Севрена Кореја. Републиканскиот конгресмен од Калифорнија Ед Ројс  објасни зошто се потребни санкциите

Овие три режими во различнид елови на светот ги загрозуваат виталните интереси на САД и ги дестабилизираат своите соседи. ( Ед Ројс)

Оваа одлука сега треба ја одобри и Сенатот а  на крајот и претседателот Трамп. Од Белата куќа соопштија дека претседателот  се уште не одлучил што ќе направи, ќе го потпише  документот или ќе стави вето. Сето ова се случува во време кога во тек е истрага  за можни договори меѓу предизборниот тим на Трамп и Русија.  Во врска со овој случај денеска  на затворена седница во сенатскиот комитет за разузнавање сведочеше најстариот син  на ТРамп.

Доколку Вашингтон  се обиде да го симне од власт лидерот Ким Јонг Ун, Северна Кореја ќе одговори со  нуклеарен напад во срцето на САД. Заканата ја  упати  севернокорејското  министерство за надворешни работи а е одговор на  изјавата  на првиот човек на ЦИА дека администрација на ТРамп треба да најде начин да го оддалечи Ким од нуклеарниот каапцитет на земјата.