Балкан
28. July 2017 - 11:02

Престрелка во Белград: Застрелан водачот на навивачите на Црвена Звезда

Водачот на навивачите на Црвена Звезда Дражен Драгаш е застрелан синоќа.

Дражен Драгаш е донесен во Ургентниот центар во Белград со прострелна рана на ногата.

Во него пукало друго лице, по што Драгаш во приватна режија е донесен во болница.

Истрагата е во тек, по што ќе се утврдат сите детали од настанот.

Инаку Драгаш во март 2015 година со правосилна одлука е осуден на година дена затвор заради продажба на марихуана во школски двор на Јужен булевар во 2005 година.

На неговото конто има уште неколку кривични дела и осуден е и на затворски казни.