Прес 24: Апсурд-СДСМ бара ако не сте биле на лекар да не може да гласате на избори
Ако во последните 3 години не сте биле на лекар или не сте купиле лекови од аптека, СДСМ смета дека не треба да ве има во Избирачкиот список, пишува press24.mk
Според порталот вака може да се образложи целта на барањето кое Државната Изборна Комисија го упатила до министерството за здравство, односно до Мој термин- за да се даде податок кое лице колку пати во изминатите 3 години користело некаква здравствена услуга или колку лекови земало од аптека.
Во текстот на Пресс24 се наведува дека барањето на ДИК за познавачите е класичен обид на СДСМ за опструкција на процесот на чистење на Избирачкиот список иако Државната Изборна Комисија на располагање имала бази на податоци од 10 институции меѓу кои и Фондот за здравство.
Порталот дознава дека клучната институција која располага со податоците потребни за процесот на пречистување на списокот е недостапна за ДИК, МВР и Оливер Спасовски веќе 7 дена не ги доставуваат потребните податоци иако обврската согласно законот треба да се спроведе во рок од 24 часа.
И лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски вчера ги повика надлежните институции за спроведување на изборите да работат во интерес на граѓаните. Тој потсети дека двете клучни институции, ДИК и МВР се под контрола на кадри на СДСМ
– Јас не би сакал да одам во детали или да ја критикувам ДИК. Сакам да ја охрабрам. Знам дека таму има и партиски луѓе што по закон се поставени како претставници на партиите и има луѓе кои се поставени како експерти за кои се очекува дека нема партиски да делуваат. Повикувам пред се на нивниот личен интегритет кој сакал нека ги пратил таму, кој сакал нека ги поставил или нека им помогнал на овој или оној начин да се најдат на таа функција. Тие пред се и над се треба да ги стават интересите на државата и интересите на овој народ што живее во оваа држава. Тие работат за граѓаните на Македонија, тие земаат плата од даноците што ги плаќа секој човек во Македонија и тие треба да се свесни на тоа. Јас разбирам дека се поставени од некоја партија некои од нив и во ред е да ги гледаат интересите на таа партија во смисла таа партија нешто да не биде неправилно оштетена. Но, да одат чекор понатаму и да прават штета на државата со цел да и помогнат на партијата, тоа е веќе нешто друго и тоа е недозволиво. И јас лично апелирам да помислат на нивниот личен интегритет, на нивното лично достоинство и на нивната лична одговорност кон заедничката наша држава Република Македонија и кон целиот народ што живее во оваа држава, изјави Груевски во интервју за „Сител“.
Исто така Груевски наведе дека ВМРО ДПМНЕ иако имале одредени забелешки околу методологијата за прочистување на избирачкиот список, во интерес на времето и да се сузбие алибито на СДСМ дека владејачката партија го кочи процесот ги повлекле сите забелешки, истото го сториле и од ДУИ.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
