Премиерот Груевски со владина делегација на Бизнис форум во Њу Џерси
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, и владина делегација, вчера присуствуваше и се обрати на бизнис форум во Њу Џерси, Соединетите Американски Држави, на кој присуствуваа поголем број на бизнисмени од компании од поголем број на сектори.
Претседателот на Владата Груевски ги акцентираше најниските трошоци за компаниите за водење бизнис во Европа, претставени преку ниските и рамни даноци и погодностите во технолошко – индустриските развојни зони, и ја истакна континуираната заложба на Владата за дијалог со бизнис заедницата и унапредување на бизнис климата.
-Ние сме многу фокусирани на подобрување на бизнис климата. Всушност тоа е нашата главна преокупација во последните 7-8 години на која работиме на повеќе начини, и тоа за сите инвеститори во земјата, домашни или странски. Како резултат на многу чекори кои ги направи Владата, бизнис климата сериозно се подобри, што се рефлектираше во повеќе извештаи на меѓународни финансиски организации, истакна премиерот Груевски во своето обраќање пред присутните.
Тој ги претстави позитивните макроекономски индикатори, како што се растот на бруто домашниот производ и извозот од зоните, ниското и умерено ниво на надворешен државен долг и стабилната стапка на инфлација. Во неговото обраќање се осврна и на владините проекти за намалување на административните бариери, и обезбедувањето на поголем пазар за производителите преку потпишаните договори за слободна трговија на Република Македонија со сите земји од континентот Европа.
Премиерот се осврна и на проектите во образованието чија што цел е градење на конкурентна и талентирана работна сила, како еден од аргументите за привлекување на странски инвеститори и во функција на обезбедување на вработување и професионален развој и надградба на македонските работници.
Присутните бизнисмени дадоа позитивна оценка за бизнис климата во Република Македонија, со особен акцент на даночната политика која обезбедува поволност за бизнис секторот.
-Најпрвин сакам да кажам дека вашите даноци се соодветни и за граѓаните и за компаниите, целиот ваш даночен систем е добро осмислен и обезбедува долгорочност, со други зборови стабилност, и земјата нема потреба да се грижи за зголемување на даноците, а компаниите не треба да прават промена на нивните инвестициски планови. Слободно можам да кажам дека за некои нешта можеме да учиме од вас, изјави Џон Кулбертсон, од енергетската компанија Кулбертсон.
Дел од компаниите истакнаа дека како резултат на работа на тимот за привлекување на инвестиции на Владата, промоторите во САД, и денешната презентација, тие добро ги имаат проучено поволностите за инвестирање кои ги нуди нашата земја, и потенцираа дека кај нив постои сериозен интерес за разгледување на Македонија како опција за инвестиции и проширување на нивниот бизнис.
Хари Чо, сопственик на компанијата АФМ и претседавач со Американско-индонезискиот бизнис совет, кој се занимава со производство на мебел за луксузни клиенти и на светлечки уреди, истакна дека поволностите кои ги нуди нашата земја се поволни и дека има намера да оствари посета на Македонија како дел од неговата финална анализа за потенцијални инвестиции.
- Мислам дека македонската Влада е од голема помош за бизнисот во насока на поддршка на инвеститорите. Јас се занимавам со производство на мебел за луксузни хотели и сакам да работам со домашните производители и затоа најпрвин планирам да ја посетам Македонија, да се сретнам со луѓето таму и да видам со што се занимаваат, изјави Хари Чо.
Едвард Мајлс од компанијата за медицински услуги Биосити, истакна дека поволностите кои се овозможуваат за странските инвеститори се позитивни и дека неговата компанија ја разгледува нашата земја како сериозна потенцијална дестинација за отворање капацитети од нивната дејност.
-Моите партнери веќе ја посетија Македонија со цел да направат евалуација на можностите за отворање на центар за трансплантација и медицински центар. Работите кои не заинтересираа се едуцираната работна сила и ниските даноци, изјави Едвард Мајлс.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец