Премиeра на претставата „Случајот Хармс“ во Театар Комедија
Театар Комедија утре премиерно ќе ја изведе претставата „Случајот Хармс” по адаптација на Жељка Удовичиќ - Плештина од Хрватска, направена според делата на Данил Хармс, a во режија на Дино Мустафиќ, гостин од Босна и Херцеговина.
Изведбата е по повод четвртиот роденден на Театар Комедија и одбележување на Светскиот ден на театарот.
„Случајот Хармс“ е претстава за животот на рускиот авангарден писател Данил Хармс кој бил прогласен за антисоветски непријател и неговите дела биле забранети се до неговата рехабилитација во 1956 година. Хармс станува познат во Европа и светот речиси половина век по неговата смрт, земајќи предвид дека Хармс починал млад на 37 годишна возраст.
- Публиката ќе може да види современа театарска претствата која што изобилува со силна колективна актерска игра водена од самиот Хармс, толкуван од актерот Илија Илијоски. Режисерскиот пристап на Мустафиќ овој пат носи современа театарска естетика која што ги вметнува сите театарски медиуми во една претстава, актерската игра, музиката, кореографијата и дизјанот. Така што покрај актерските креациии, во претставата ќе видиме и сонгови од поезијата на Хармс, создадени од композиторот Оливер Јосифовски со богата современа кореографијата на Саша Ефтимова, соопшти Театар Комедија.
Во претставата покрај Илијоски учествуваат актерите на Театар Комедија: Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски, Ева Скендеровска, Атанас Атанасовски, Жарко Димоски, Мими Ристов, Столе Мицов и младиот музичар Лука Ѓоргиевски (к.г.). Сценографијата е Крсте Џидров, костимите на Благој Мицевски, дизјанот на светло го креира дизајнерот Милчо Александров, драматург Дарко Јан Спасов, преводот на Венко Андоновски, а за часовите по акробатика беше задолжен Петар Стојановски.
По повод четвртиот роденден Театар Комедија за вечер најави слободен влез на претпремиерната изведба. Заинтересираните ќе можат да резервираат билет на билетарницата на Театар Комедија на бројот 3119990. По утрешната премиера за задутре е предвидена репризната изведба на претставата. Средствата од билетите за оваа изведба на претставата „Случајот Хармс” ќе бидат донирани за СОС Детско село.
Ново на Сител
-
Каселакис: Ја повикуваме новата власт во Северна Македонија да се вразуми
-
Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп
-
Пендаровски ѝ ја честита изборната победа на Сиљановска-Давкова и ѝ посака успех на претседателската функција
-
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Сиљановска
-
Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад на неговата ќерка
-
Фон дер Лајен: Патот на Северна Македонија кон ЕУ да продолжи со спроведување на реформите и почитување на Преспанскиот договор
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски