Фудбал
28. April 2017 - 9:18

Премиер лига: По еден бод за Сити и Јунајтед

Дуелот на градските ривали од Премиер лигата меѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед синоќа заврши без голови и сто тоа без победник 0:0. Ова беше дуел од 26.коло, кој беше одложен поради настапите на екипите во ФА купот.
 
Двата тима освоија по еден бед, а од нерешениот резултат најмногу корист имаат нивните конкуренти во борбата за пласман во Лигата на шампионите: Ливерпул и Арсенал.
Дуелот го одбележа и играчот на Манчестер Јунајтед, кој во две минути најпрвин доби жолт картон, а потоа и црвен со што беше исклучен во 84.минута.
„Граѓаните“ беа поблиску до победата, а во судиското надополнување на вториот дел Габриел Жезус постигна гол, кој поради офсајде беше поништен.
 
Табела: Челзи 78 бодови (33 натпревари), Тотенхем 74 (33), Ливерпул 66 (34), Манчестер Сити 65 (33), Манчестер Јунајтед 64 (33), Арсенал 60 (32), Евертон 58 (34),...