Македонија
21. August 2022 - 18:32

Прелети на воени воздухоплови Б52 над Скопје

Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка утре во 14:35 часот ќе извршат прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б52 .

Според Министерството за одбрана, прелетите на воздухопловите го демонстрираат силното сојузништво во НАТО и претставуваат гарант за целата Евроатланска област вклучувајќи ја и Северна Македонија.

-Со цел да ја прикажат посветеноста и гаранцијата на сигурноста кон балканските сојузници и партнери на НАТО, Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија, појаснуваат од МО.