Македонија
24. October 2015 - 16:21

Преговорите продолжуваат во обид да се запазат роковите

Политичките партии со уште еден обид за спас на договорот од Пржино. На лидерската средба во клубот на пратеници лидерите на четирите најголеми партии, во два ипол по полниќ, одлучија работните групи да продолжат да преговараат и наредната недела.

Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи придружени од своите соработници, разговарале околу сите отворени прашања. Олеснувачот Ван Хауте посочи дека составот и овластувањата на преодната влада, и законот за таканаречените бомби остануваат главни точки на кршење на ставовите.

Ванхауте не сакаше да ги коментира пишувањата на дел од медиумите кои го оквалификуваа како пристрасен медијатор. На лидерската средба присуствуваа и Евроамбасадорот Аиво Орав и заменик американскиот амбасадор Бартон Путни.

Орав и Путни пред лидерската средба беа во просториите на Владата каде се сретнаа со Премиерот Никола Груевски, заедно со амбасадорите на Италија, Германија и Холандија.

Преговорите за спроведување на договорот од Пржино продолжуваат. Денес олеснувачот Питер Ван Хауте одвоено ќе се сретне со работните групи на политичките партии по што ќе следува координативна средба.