-->
-->
Предупредувачка временска прогноза - Подгответе се за силно невреме
-->

Во недела под влијание на влажна и нестабилна но и посвежа воздушна маса од Медитеранот ќе настапи промена на времето. Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Попладне и кон крајот на денот се очекува на места нестабилно време проследено со пороен дожд и грмежи, информира УХМР.
Локално ќе има и услови за поинтензивни процеси во форма на невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер. Во текот на ноќта и во понеделник, времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и засилен ветер. Врнежите на места ќе бидат пообилни со наврнати на 30 литри на метар квадратен како и проследени со ретки грмежи.
УХМР препорачува да не се престојува под осамени дрвја и на отворен простор за време на грмежите.
Во понеделник ќе има значителен пад на температурите. Дневната температура ќе се движи од 19 до 24 степени. Во вторник ќе има повремени врнежи од дожд а потоа ќе има стабилно време со постепен раст на температурите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
-

УЈП: Нулта толеранција за корупција, презумција на невиност за сите постапки
-

Лазаров: Португалците се дојдени тука да се борат за медал
