Македонија
7. July 2017 - 12:26

Пред десетина минути уште еден земјотрес во Македонија

На светската мрежа за регистрирање на земјотреси ЕМСЦ се појавија неопотврдени информации дека пред десетина минути односно точно во 12.14 часот во Македонија е регистриран земјотрес.

Засега нема подетални информации за овој потрес.

Претходно 

елеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска и утринава на 7.7.2017 год., регистрира повеќе земјотреси почувствувани од граѓаните на Охрид, Ресен и околината. Епицентрите на овие земјотреси се наоѓаат на 10км источно од Охрид и потекнуваат од охридското епицентрално подрачје. 
 
Најсилните, и тоа,
- првиот, во 1 часот и 7 минути со Рихтерова магнитуда 3.2, и интензитет IV степени според Европската Макросеизмичка Скала;
 
- вториот, во 4 часот и 32 минути со Рихтерова магнитуда 3.1 и интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала;
 
-  третиот, во 7 часот и 16 минути со Рихтерова магнитуда 3.0, и интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала;
 
-  четвртиот, во 7 часот и 18 минути со Рихтерова магнитуда 3.6, и интензитет V степени според Европската Макросеизмичка Скала.
 
Беа регистрирани и повеќе послаби земјотреси со Рихтерова магнитуда помеѓу 2 и 3 кој беа почувствувани со интензитет III степени според истата скала.