Македонија
28. July 2016 - 16:37

Пратеникот Влатко Ѓорчев денеска стана горд татко на 4-тото дете - на свет дојде малата Катерина

Пратеникот Влатко Ѓорчев стана татко по четврти пат, откако неговата сопруга Сузана, на свет ја донесе втората ќерка во семејството Ѓорчеви, која ќе се вика Катерина. Ова е голем благослов за нашето семејство, посебно за мојата сопруга која докажа дека е голем борец, вели Ѓорчев.

Како еден од најголемите борци за многудетни семејства во Македонија, Ѓорчев вели дека одлуката да се стапи во брак и да се биде родител е секогаш добра одлука која што го прави човекот комплетен, нешто за што вреди да се живее.

Ѓорчев е вториот пратеник на ВМРО – ДПМНЕ кој стана татко на четири деца, откако пред две години и Крсто Муковски го доби своето четврто дете.