-->
-->
Пратеник на Сириза: Историски докажано е дека не постои македонска нација
-->
Пратеникот на владеачката партија во Грција, СИРИЗА од регионот на Солун, Димитрис Мардас, смета дека сложено име со терминот Македонија за Грција е второто најдобро решение. Тој во интервју за Радио Слободна Европа вели дека корекниот термин е ФИРОМ и дека време е да се реши проблемот зошто Грција потрошила многу време.
- Навистина време е да се реши тој проблем, бидејќи ние потрошивме многу време од 1992 година за да стигнеме до оваа позиција. Знаеме дека нашиот сосед го користи терминот Македонија од 1945 година. Ние веруваме дека тоа е погрешен термин кој се користи, вели тој за Радио Слободна Европа.
Вели, она за што треба да разговараме е најпрвин дали историски името Македонија може да се користи од нашите соседи. Јас верувам дека тоа е погрешно решение. И потоа ние треба да видиме како да живееме во мир и затоа треба да најдеме второ најдобро решение за сите нас.
Додава дека смета дека е можно решение.
- Слушајте, најпрвин историски докажано дека не постои македонска нација и да започнеме од оваа точка. Во тој контекст треба за сè да разговараме. Но, мора да бидеме убедени дека тогаш кога ќе го сменат името, тоа ќе значи дека ќе треба да сменат, исто така, и многу други прашања кои се поврзани со националниот империјализам или што и да е друго. Во тој контекст, ерга омнес е нешто што е дел од ова определување, кое ќе го гарантира мирот во регионот без прашања кои можат да останат и да провоцираат какви било проблеми во иднина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња