Македонија
3. November 2016 - 19:56

Познатиот актер Ѓорѓи Колозов бил следен од УДБА

Еден од најпознатите македонски актери Ѓорги Колозов бил еден од илјадниците македонски граѓани кои биле на мета на поранешната тајна служба. Документите од досиејата на УДБА, што неодамна ги објави државниот архив откриваат дека голем број уметници и актери биле следени и обработувани од полициските служби само поради нивните јавно искажани ставови.

Од објавените документи во досието на Колозов јасно се гледа дека тој бил следен уште од времето на неговото студирање.

 Во прилог на документацијата се и белешките што своералчно ги пипувале лицата задолжени за неговото кодшење. Според овие записи, Колозов било обвинуван за наводно бугарофилство. Во текстот се посочува дек тој често патувал во Софија, а на факултетот за драмски уметници зборувал бугарски со свој колега.

Во една од полициските белешки на изворот, во тоа време исто така студент е опишана една случка од 1976 година во бифето на Народниот театар во Куманово. Причина за настанот било тоа што Колозов прашал зошто е масовната инвазија патување во Грција и дали луѓето што патуваат таму знаат каде одат.

Понатаму во белешката, во која се бара Колозов да биде земен на одговорност, е опишан разговор во кој Колозов тврдел дека Грција, наспроти Бугарија вршела терор и насилство врз Македонците.

Колозов е само еден од 19 те досиеја што во томот посветен на уметниците ги објави државниот архив. Тука се и случаите Шишков, Гане Тодоровски, Анте Поповски, Миле Неделковски...

Од архивските документи се чита дека за нивно следење биле ангажирани голем број лица, како нивните секретарки, па се до роднини и соседи кои постојано давале информации на УДБА за секој нивни збор или движење. Уметниците биле следени преку добро организирани мрежи, а како форми на притисок постојано биле користени методите за цензура на нивната мисла.